Landskap

Landskap

€0.00

Landskap сe дизајни на тапети преку кои ќе влезете во спокојството и раскошот на природата. Изработени од стари насликани пејсажи, овие дизајни ни приближуваат една измината ера, овој пат во друга форма, спојувајќи ја уметноста со природата. Бујните нијанси на природни тонови создаваат смирувачка атмосфера, евоцирајќи чувство на мир и хармонија. Тапетите се исто така достапни и во обезбоени верзии, за простории каде тоа повеќе би било прикладно.

Димензии
висина: прилагодлива
должина: прилагодлива

Цени за изработка на тапет:

  • 1.600 ден/m2 со вклучена достава во Македонија;

  • 2.100 ден/m2 со вклучена достава и монтажа во Скопје.*

*Минималната квадратура за нарачка со вклучена монтажа е 5m2.
Наведените цени се однесуваат на еден квадратен метар и за висина на ѕид до 3m.

Збирната сума се добива по утврдувањето на квадратурата што ви е потребна.
За нарачка и прилагодување на дизајнот обратете ни се на:
info@dagg.mk
или во директна порака на fb или instagram.

Повеќе информации за типот на материјалот на која се изработуваат тапетите може да прочитате тука.

Add To Cart