Нарачка и испорака

 

Нарачка на ѕидни решенија

Сите нарачки на Dagg производите се прават исклучиво од веб страницата dagg.mk или во дирекна порака на нашиот Фејсбук профил facebook.com/www.dagg.mk

Откако ќе го направите вашиот избор, потребно е да нѐ исконтактирате со порака во која ќе ги наведете сите детали.

Цената наведена покрај секое ѕидно решение се однесува на еден квадратен метар. Збирната цена се добива по утврдувањето на целокупната квадратура. Во цената е вклучена комплетната услуга со испорака и монтажа во реонот на град Скопје.

Пример:
Име на производот: BERGEN
Прилагодување на димензијата: висина 230 cm должина 300 cm

За помош и повеќе детали ќе ја продолжиме комуникацијата, за да можеме да одговориме што подобро на вашите потреби.

Испорака и монтажа

Во рок од 10 работни дена нарачаното решение ќе ви биде подготвено за испорака.
Точниот термин за неговата монтажа ќе биде утврден согласно вашата желба,
т.е. во период кој вам најмногу ви одговара.
Времетраењето на монтажата е во зависност од квадратурата на решението коешто го имате нарачано, но ќе ви биде посочено пред испораката.