TERRAZZO
Трендот на употреба на различни реплики на природни материјали секоја сезона си одбира свој фаворит. Се чини дека периодов ситните парчиња камен во форма на подзаборавената Terrazzo техника повторно се во фокусот на креативците, кои денес како инспирација секојдневно може да ги сретнеме на социјалните мрежи Pintrest и Instagram.
Теrrazzo во дваесеттите години од минатиот век била омилена заради својата декоративност, но подоцна е малку засенета од новите и поедноставни техники.
Исполирана и измазнета до висок сјај, оригиналната Terrazzo површина е всушност бетонска подлога во која се вметнуваат ситни парчиња камен, мермер и гранит.
Иако како тренд може повторно да се забележи во својата оригинална форма на раскошните подни и ѕидни површини, Теrrazo-то е се поприсутно на местата каде помалку сте се надевале дека ќе го сретнете.
Денес, со напредните технологии на печатење употребата на реплики повеќе не е ограничена од материјалот, па така вашиот омилен Terrazzo мотив може да го најдете во печатена верзија на винилни подови, ѕидни принтови, тапети, парчиња мебел, најразлични предмети за секојневна употреба, како и на текстилни површини на кои не сте го очекувале.
MARMORBITAR
dagg. предлог ѕидно решение
Варијациите на темата се најразлични. Креативците си поигруваат со искршените форми на камчиња, додаваат нови бои кои изворно не постоеле, па некогаш дури и во стандардно невозможни пропорции за оваа техника.