ЅИДЕН МОНОХРОМАТСКИ ПЕЈСАЖ

Овие пејсажи чии оригинали потекнуваат од акварели и графики работени во традиционалните техники во минатото, сега ни се достапни во форми на одлични реплики. Она што ги прави атрактивни и ги враќа како тренд во декорот е нивното нестандардно предимензионирање на мотивот во форма на тапет, кој има тенденција да стане ненаметлив “прозорец” кон некој прекрасни далечни за нас предели.

Во цртежот кој е исполнет со многу детали секогаш ќе најдете нешто што претходно не сте го забележале.
Обезбоени во монохроматски палети тие се одличен избор во современите уредувања. Нивните смирени тонови ги прават подобни за комбинирање со различен колорит на останатите елементи во ентериерот, подеднакво соодветни за приватни и деловни простории.

pejs131.jpg
pejs151.jpg
dagg_53_11.jpg
pejs161.jpg
pejs171.jpg
pejs181.jpg
pejs212.jpg
pejs213.jpg
pejs121.jpg
pejs141.jpg
pejs191.jpg
Bojana Jakimovska