Нарачка

 
ОДБЕРИ ДИЗАЈН Сите достапни решенија може да ги погледнеш тука на веб страницата dagg.mkПоделени се во категории: ЗА МАЛИ- Дизај решенија тематски наменети за детски соби.  ЗА ГОЛЕМИ - Дизајн решенија соодветни за декор во домот, деловни простории и…

ОДБЕРИ ДИЗАЈН
Сите достапни решенија може да ги погледнеш тука на веб страницата dagg.mk

Поделени се во категории:
ЗА МАЛИ- Дизај решенија тематски наменети за детски соби.

ЗА ГОЛЕМИ - Дизајн решенија соодветни за декор во домот, деловни простории и јавни објекти.

МИНИ ПАТЕРН - Едноставни повторувачки дезени со широк спектар на можности за употреба во простории со различна намена.

ИЗМЕРИ ГО ЅИДОТ Земањето мерки е полесно отколку што мислиш. За почеток, она што ни е потребно за изработка на понуда е мерење на вкупната ширина и висина на ѕидот. Мерките испрати ги на info@dagg.mk и побарај понуда.Нема потреба да се грижиш дали м…

ИЗМЕРИ ГО ЅИДОТ
Земањето мерки е полесно отколку што мислиш. За почеток, она што ни е потребно за изработка на понуда е мерење на вкупната ширина и висина на ѕидот. Мерките испрати ги на info@dagg.mk и побарај понуда.

Нема потреба да се грижиш дали мерките се прецизни во милиметри.
Ние (на наша сметка ;) на вкупната површина ќе додадеме неколку дополнителни cm за да не недостасува од тапетот при монтажата.

Постојат неколку типови на ѕидови.
повеќе инфо…
Пиши ни, кој е твојот?

прав ѕид – ѕид со закосување – ѕид со греда – повеќе споени ѕидови

РАЗГЛЕДАЈ ЈА ПОНУДАТА Во неа ќе најдеш: *ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ. Прочитај ги.*ПРЕДЛОГ ОД ОДБРАНИОТ ДИЗАЈН, ПРИЛАГОДЕН ПРОПОРЦИОНАЛНО ВО ТВОИТЕ ДИМЕНЗИИ. Ако сакаш нешто да се корегира, сега е вистинскиот момент да ни кажеш.*ЦЕНА Пресметана вкупна квадрату…

РАЗГЛЕДАЈ ЈА ПОНУДАТА
Во неа ќе најдеш:
*ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ.
Прочитај ги.

*ПРЕДЛОГ ОД ОДБРАНИОТ ДИЗАЈН, ПРИЛАГОДЕН ПРОПОРЦИОНАЛНО ВО ТВОИТЕ ДИМЕНЗИИ.
Ако сакаш нешто да се корегира, сега е вистинскиот момент да ни кажеш.

*ЦЕНА
Пресметана вкупна квадратура и вкупна цена (од твоите мерки).

*ПОТРЕБНИ УСЛОВИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА МОНТАЖА / ЛЕПЕЊЕ НА ТАПЕТОТ

Повеќе инфо за типот на фолијата на која се изработуваат тапетите можеш да прочиташ тука.

НАРАЧАЈ Ако ја прифатиш понудата, твоето решение ќе се испрати на печатење.  Не чуваме готови решенија на залиха бидејќи не секаме да продуцираме непотребен одпад. Се грижиме и сме свесни за проблемите на нашата планета.Но, тоа не значи дека ќе чека…

НАРАЧАЈ
Ако ја прифатиш понудата, твоето решение ќе се испрати на печатење.

Не чуваме готови решенија на залиха бидејќи не секаме да продуцираме непотребен одпад. Се грижиме и сме свесни за проблемите на нашата планета.

Но, тоа не значи дека ќе чекаш долго. Во рок од 5 работни дена тапетот ќе биде спремен за испраќање. Доставата се одвива преку курир служба за 2-4 раб.дена.

Во меѓувреме ќе бидеме во контакт, за да договориме термин за монтажа доколку имаш потреба.

Времетраењето на монтажата зависи од квадратурата на тапетот кој го имаш нарачано.