Мерење на ѕидни површини

Постојат неколку типови на ѕидови.
Пиши ни кој е твојот?
ПРАВ ЅИД

ПРАВ ЅИД

Стандардниот ѕид е нејлесен за мерење. Еноставно измери ја висината и должината на ѕидот и прати ни ги мерките.

ЅИД СО ЗАКОСУВАЊЕ

ЅИД СО ЗАКОСУВАЊЕ

На ѕидот со закосување доволно е да ја измериш повисоката и подолгата страна на ѕидот и да не информираш дека има закосување. Во зависност од изборот на решението ќе ти сугерираме дали дизајнот е соодветен за таа форма и дали ќе има потреба дополнително тој да се прилагодува. Во понудата ќе се смета вкупна површина, а остатокот од фолијата ќе се отсече во печатница или на лице место, во зависност од димензиите.

ЅИД СО ВРАТА, ПРОЗОР ИЛИ ДРУГ ЕЛЕМЕНТ

ЅИД СО ВРАТА, ПРОЗОР ИЛИ ДРУГ ЕЛЕМЕНТ

На ѕид со врата, прозорец или друг елемент измери ја висината и должината на ѕидот и информирај нѐ за елементите кои ги има на ѕидот. Во зависност од изборот на решението ќе ти сугерираме дали дизајнот е соодветен за таа форма и дали ќе има потреба дополнително тој да се прилагодува. Во понудата ќе се смета вкупната површина, а остатокот од фолијата ќе се отсече во печатница или на лице место, во зависност од димензиите. Точните мерки на елементите кои се наоѓаат на ѕидот ќе ги измери нашиот тим.

ПОВЕЌЕ ЅИДОВИ

ПОВЕЌЕ ЅИДОВИ

Доколку сакаш решението да се простира на повеќе од еден ѕид, еден до друг, потребно е да ги измериш посебно висините и должините на сите ѕидови и да не информираш за нивниот распоред во просторот, за да го прилагодиме дизајнот како една целина.