ГРАДИНАТА НА АНА

СОВРЕМЕНА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ДИЗАЈН ОД ДВАЕСЕТИТЕ
Gard'Ann е слаткарницата која се наоѓа во центарот на Капошвар, град во Унгарија. Местото е добро познато на локалното население, бидејќи постои од далечната 1928 година. Внатрешното уредување (дизајнирано од Ferenc Kende) е извонредно и се чува заштитено како културно наследството. Неодамна, реновирано, доби своја осовременета верзија, која внимателно задржувајќи го духот на дваесетите, му даде само нов сјај.

TN1_7.jpg

Внатрешноста е современа интерпретација на карактеристичното големо кафуле од почетокот на 20 век. Пастелните зелена и розева преовладуваат во просторот, а за деталите и акцентирањето се користат златна и длабока сина. Целокупниот елегантен ентериер, со мал "French Bohemian" пресврт е прекрасен на свој уникатен начин. 

Името Gard'Ann доаѓа од зборот градина и името на сопственикот Ана Мари. Оттаму како главен печат на идентитетот на слаткарницата се користат ѕидни решенија со флорални илустрации, кои во себе содржат многу лисја, растенија и неколку различни видови на птици.

Овој мотив се пренесува и низ целиот визуелен идентитет на слаткарницата, како: кутии, картички, хартиени ќеси и многу други работи кои допринесуваат за зајакнување на впечатокот и односот со зборот "Градина".

slat_paste1_9.jpg
slat_paste1_14.jpg
slat_paste1_16.jpg
slat_paste1_12.jpg
slat_paste1_1.jpg
slat_paste1_21.jpg
slat_paste1_10.jpg
slat_paste1_20.jpg

Дизајн на ентериер: kissmiklos
Арт директор, идентитет и графички дизајн: kissmiklos
Фотографии: Bálint Jaksa

Bojana Jakimovska