ТРАНСПАРЕНТНИ СЛИКИ

Дали веќе сте слушнале за новиот скандинавски тренд? Транспарентно врамување - или две стакла прицврстени со една рамка. Малку поинаков начин како да ги разубавите вашите ѕидови со врамени слики, но овој пат тие да немаат позадина, ниту пак паспарту.  

decor8-1.jpg
decor8-4.jpg

Она што ќе го врамите помеѓу двете стакла може да е цртеж, фотографија, но на нас многу интересна ни се виде идејата тоа да бидат лисја од некое растение. Како прекрасна илустрација од ботаничка книга, само што сега тие ќе бидат вистински, а вие ќе бидете горди што сами тоа сте го направиле.

decor8-5.png

Сигурно се прашувате зошто тоа да не биде нормална рамка со позадина. Транспарентното врамување ќе ви даде поголема креативна слобода да го "заробите" елементот внатре, креирајќи илузија дека тој лебди, помеѓу се останато.

5+Ways+To+Create+a+Mindful,+Minimalist+Work+Space+on+decor8.jpg

Во зависност од типот на просторот или од вашата желба, изборот на лисјата може да биде различен, од исушени зелени лисја од растенија кои може да ги најдете во вашиот двор, до тревки или гранка од семиња кои ќе ги наберете по патот на некое патување или викенд на село.

decor8-2.jpg

Пченица, лаванда, ориз или мајчина душичка се само некој од многуте предлози кои би можеле убаво да изгледаат.

Транспарентните слики ќе се вклопат во простории со различна намена, во зависност од вашите идеи. Може да ги групирате со други врамени слики, да ги потпрете на вашата работна маса или на подот покрај креветот.

Bojana Jakimovska