ПРОСТОР ЗА РАБОТА ОД ДОМА

Доколку сте од оние кои работат (и) од дома, веројатно знаете дека одделувањето и уредувањето работен простор во домот може многу да влијае на вашата продуктивност и креативност. Mестото каде што поминувате повеќе часови, ви ја нуди привилегијата да бидете и дома и да работите; да креираме атмосфери и емоции по сопствена желба.

Ако можете да бирате каде ќе го позиционирате вашиот работен простор, најдобро е тоа да биде до еден од прозорците во домот. Така секогаш ќе имате пристап до дневна светлина, а во моментите кои ќе ги одвоите за пауза со вашето омилено кафе, секогаш ќе можете да се загледате надвор и да отпатувате на кратко.

 

Изборот на удобен работен стол е исто така многу важен. Денес има навистина голем избор, па тешко дека нема да најдете некое по ваша мерка. Од друга страна „рециклирањето" на некој стар стол е секогаш добра идеја и одличен предизвик за вашата креативност. Со избор на интересен модерен дезен од продавниците за мебел штофови и различни ткаенини, можете да ги преслечете и столот и својот поглед на нештата околу вас.

18161923_288781228242096_8765030882420457472_n.jpg

Акцентирањето на еден ѕид со некоја боја или тапет е нешто што на вашиот работен простор ќе му даде нова димензија и ќе го трансформира во инспиративно место каде што со задоволство ќе го поминувате времето.

GEOMETRISK

dagg. ѕидно решение

Не заборавајте ги малите детали. Убаво растение, врамен цртеж, мотивирачки цитат, интересен часовник, ретро бележник, календар или пак, вашиот омилен предмет,... се нештата кои ќе го комплетираат изгледот на работна маса и ќе ѝ втиснат ваш „личен потпис".

За сѐ останато најдете место во просториите за складирање.

Bojana Jakimovska