ЗЕЛЕН(ИЛ)О

H&M

H&M

Greenery е нијанса на зелената што престижната институција Pantone ја прогласи за боја на годината (2017), но сосема индивидуално е дали ќе се согласите со овој избор и дали таа ќе биде дел од вашите комбинации годинава.

Од широката палета зелени бои ќе најдете уште многу нијанси, од кои сигурно некоја ќе биде вашиот фаворит.

Зелената како тренд во ентериерот значи дека бојава оваа сезона ќе може да се најде во сите форми, од големи површини, како ѕидови, теписи, софи, завеси, до мали детали како навлаки, прекривки, украси и ситни предмети. Во различни дезени или можеби чисто еднобојни, зелените површини ќе придонесат за внесување свежина во секоја просторија.

H&M

H&M

Од друга страна, зелен(ил)ото е безвременско и секогаш во тренд, но се чини дека во уредувањето на ентериерите фикусите, филадендроните, папратите и палмите периодов го доживуваат својот голем comeback, па доколку не ја преферирате зелената како боја за елементите од ентериерот, би можеле да го надоместите нејзиното присуство со избор на неколку убави растенија.

BANANLÖV

dagg. препорака / ѕидно решение

H&M

H&M

H&M

За оние на кои цвеќето „не им вирее", флоралните дезени ќе бидат одличен избор за внесување зелен(ил)о во уредувањето.

H&M

H&M

Bojana Jakimovska