Како да нарачам?
ОДБЕРИ ДИЗАЈН
Сите достапни решенија може да ги погледнете на веб страницата dagg.mk
Поделени се во категории:
ЗА МАЛИ
Дизај решенија тематски наменети за детски соби
ЗА ГОЛЕМИ
Дизајн решенија соодветни за декор во домот, деловни простории и јавни објекти
АВТОРСКИ
Оригинални дизајн решенија од македонски автори/илустратори.
ИЗМЕРИ ГО ЅИДОТ
Земањето мерки е полесно отколку што мислиш. За почеток она што ни е потребно за изработка на понуда е мерење на вкупната ширина и висина на ѕидот.
Нема потреба да се грижиш дали мерките се прецизни, бидејќи секако по прифаќањето на понудата нашиот тим ќе дојде да премери и да го погледне ѕидот.
Доколку си во можност да ни испратиш фотографија од ѕидот, таа ќе биде добредојдена.
Постојат неколку типови на ѕидови. Прочитај подолу.
Пиши ни кој е твојот?
ПОБАРАЈ ПОНУДА
РАЗГЛЕДАЈ ЈА ПОНУДАТА
во неа ќе најдеш:
*Важни информации. Прочитај ги.
*Предлог од дизајнот, прилагоден пропорционално во твоите димензии.
Ако сакаш нешто да се корегира, сега е вистинскиот момент да ни кажеш.
*Вкупна Цена
Пресметана вкупна квадратура и вкупна цена (од твоите мерки).
По земањето на точни мерки од нашиот тим, ќе те информираме дали има разлики и дали цената ќе се промени.
НАРАЧАЈ
Доколку ти одговара понудата, информирај не за која опција си се одлучил/а т.е. од која фолија би сакал/а да биде изработено твоето ѕидно решение.
Информации за типовите на фолии кои ги имаме можеш да прочиташ подолу.
Ако ја прифатиш понудата, твоето решение ќе се испрати на печатење.
Во рок од максимум 10 работни дена ќе биде спремно за достава.
Во меѓувреме ќе те исконтактираме, за да договориме термин за монтажа.
Тип на фолија
Мазна самолеплива мат
Одличен квалитет на отпечаток и интензитет на колорит;
Отпорна на оштетување од светлина;
Површина која може да се брише со влажно марамче;
Мат завршница;
Мазна површина;
Препорачана за решенија од категоријата ЗА МАЛИ;.
Се нанесува директно на ѕидот (Самолеплива)
Рапава полусјајна тапет
Одличен квалитет на отпечаток и интензитет на колорит;
Отпорна на оштетување од светлина;
Површина која може да се брише со влажно марамче;
Полусјајна завршница;
Рапава текстурална површина;
Препорачана за решенија од категоријата ЗА ГОЛЕМИ;.
Се нанесува со лепило (Тапетол)
Тип на ѕид
ПРАВ ЅИД
Стандардниот ѕид е нејлесен за мерење. Еноставно измери ја висината и должината на ѕидот и прати ни ги мерките за да добиеш понуда, со вкупна површина, цена и предлог од дизајнот во размер од твоите димензии.
ЅИД СО ЗАКОСУВАЊЕ ИЛИ ГРЕДА
На ѕидот со закосување или греда потребно е да ја измериш повисоката и подолгата страна на ѕидот. Во понудата ќе се смета вкупна површина, а остатокот од фолијата ќе се отсече во печатница или на лице место, во зависност од димензиите. Прати ни ги мерките за да добиеш понуда со цена и предлог од дизајнот во размер од твоите димензии.
ЅИД СО ВРАТА; ПРОЗОР ИЛИ ДРУГ ЕЛЕМЕНТ
На ваков ѕид потребно е да ја измериш повисоката и подолгата страна на ѕидот и да не изместиш за елементите кои ги има на ѕидот. Во понудата ќе се смета вкупната површина, а остатокот од фолијата ќе се отсече во печатница или на лице место, во зависност од димензиите. Точните димензии на елементите кои се наоѓаат на ѕидот ќе ги измери нашиот тим.