ПАСТЕЛНО СИНА
Ако сте и вие од оние кои тежнеат кон елеганција и чистота во просторот, пастелно сина е вистинскиот избор за вашите ѕидови. Како доминантна боја, таа ќе внесе ненаметлива префинетост во просториите каде има големи прозорци со убава дневна светлина.
На пастелно синиот ѕид одлично ќе му прилега:
- "претопување" со парче мебел од истата нијанса;
- фини текстури во нијанси на розев кварц, графит и темно сина;
- дрвени декоративни елементи;
- бронзено - златни детали.
Присуството на раскошно зеленило секогаш е добредојдено.
JUNGEL
dagg. предлог ѕидно решение