УРЕДНА ДЕТСКА СОБА
Уредната детска соба се чини како мит, но доколку сте од оние родители кои го посакуваат тоа, можеби вреди да се обидете.
1.
Бидејќи квадратурата на стандардните детски соби (во наши услови) ретко надминува 10m2 при изборот на мебел одбегнувајте ги масивните парчиња и елементите кои немаат голема функционална и употребна вредност.
ZARA Home
2.
Облагородете го просторот со висечки елементи или ѕидни декорации. Така украсите нема да го зафаќаат просторот за игра, а сепак собата ќе блеска.
H&M Home
3.
Веднаш фрлајте ги оригиналните кутиите од играчките. Нема потреба да ги чувате. Сите се со различни димензии и форми и просто е невозможно да ги наредите уредно, а и речиси секогаш остануваат празни и неискористени.
4.
Научете ги вашите деца дека играчките треба да се собираат. Принципот на селектирање во зони, како во градинка, може да биде и дел од играта. Количките, камионите и сите играчки на тркала одат во својата „гаража", кадифената „банда“ во платнената вреќа, сликовниците наредени како во книжарница, во кутии или на полици, a за лего-коцките и сите останати играчки со стотици делчиња - пластична кутија со поклопец е вистинското место.
6.
Играчките кои вашите деца ги надраснуваат со текот на времето, спакувајте ги доколку планирате да ги чувате или подарете ги некому.
H&M Home
За крај, помирете се дека собата никогаш нема да изгледа како на фотографиите кои ви се допаѓаат, бидејќи тоа е, сепак, детска соба.