ЅИДНИ МУРАЛИ ВО ЈАВНИ ОБЈЕКТИ

Внатрешното визуелно осмислување во јавните установи најчесто е поврзано со информативниот дизајн и нивното означување. Објектите како болници, училишта, библиотеки, театри и институции од сличен карактер примарно важно е да поседуваат систем на информативно означување - way finding design, но современите примери ни покажуваат се покреативни решенија како за означување, така и за комплетно визуелно уредување на просториите.

зона Шума

зона Шума

Графичкото Студио SC е автор на визуелното означување и уредување на објектот на Детската Болница во Сиетл.

Нашиот предизвик беше да најдеме баланс помеѓу јаснотијата и топлината во рамките на еден комплексен систем кој требаше да ги обедини старите и новите делови од болницата.
зона Река

зона Река

Со цел да се зајакне идентификацијата на секоја различна зона во објектот, во графичкиот регистар е направена поделба по симболи од регионот на Сиетл - Северозападен Пацифик. Океан, планина, река и шума се четирите главни зони во болницата каде изборот на илустрациите создава емоционална врска со брендот на болницата, делува смирувачки и внесуваат позитивна дистракција за сите возрасти.

зона Океан

зона Океан

зона Планина

зона Планина

зона Река

зона Река

Bojana Jakimovska