STATEMENT ЅИДНИ РЕШЕНИЈА
Ако дел од вашиот простор сакате да го нагласите со детали кои се храбри и уникатни, секако би требале да размислите за statement ѕидови.
Играта со боите и мотивите со сигурност кај секого ќе потикнете разигрување на имагинацијата. Степенот на вашата храброст ќе одреди дали ќе се задржите на акцентирање на еден ѕид или ќе продолжите на соседниот, спротивниот или можеби сите во просторијата.
Малите (гостински) тоалети се одлично место за Statement ѕидовите. Нема да ги гледате постојано за да ви здодеат, а сепак ќе бидат репрезент на вашата смелост.
Овие впечатливи делови од ентериерот се многу попопуларни. Во нивна околина не се потребни многу уметнички дела. Тие се уметност per se.
Statement ѕидовите го трансформираат просторот и секоја просторија ја претвораат во мала сцена. Тие ќе им дадат нов шарм на вообичаените, помалку здодевни простории.
За љубителите на убавото и оние кои сакаат фини нешта statement ѕидовите се одлична позадина за дизајнерско огледало, декоративна керамика, закачалка или некоја интересна ламба.